12 причини зошто да јадете вишни

popara5 јули, 20111min00
visni

Ова прекрасно овошје можете да го јадете во неограничени количини, бидејќи е вистински благодет за организмот. Еве 12 причина за да ги вклучите во вашето мени.

1. Заштитуваат од одредени видови на рак. Антоцијаните и останатите пригменти, кои им ја даваат темноцрвената боја на вишните, со своето аниоксидантско дејство ги заштитуваат клетките од мутации и го намалуваат ризикот од појава на малигни болести.

2. Го намалуваат ризикот од инфаркт. Вишните ја спречуваат оксидацијата на штетниот LDL холестерол којги оштетува ѕидовите на крвните садови. За да имате здраво срце треба често да јадете вишни.

3. Влијаат на намалување на атеросклероза, обезбедуваат здрави крвни садови и штитат од мозочен удар.

4. Мажите кои сакаат потомство треба често да јадат вишни. Антиоксидансите и витамините, особено витаминот Ц, кој во избилство го има во б=ву=ишните, го подобруваат квалитетот на спермата.

5. За добар вид одберете вишна, бидејќи поволно делува на клетките на окото.

6. Содржи кумарин кој помага да се намали склоноста на крвта кон згрутчување. Со тоа се намалува ризикот од тромбоза.

7. Поради големиот процент на калиум потикнува исфрлање на течности и влијае на намалување на крвниот притисок. Луѓето кои патат од хипертензија треба почесто да ги јадат.

8. Вишните ги успоруваат запаленијата во организмот и ги олеснуваат тегобите кај реуматските болести, особено кај реуматскиот артритис.

9. Помагаат кај гихт. Ја намалуваат количината на мочна киселина која е главниот виновник за појавата на гихт.

10. Богата е со железо, па ако сте слабокрвни трба да ја додадете вишната во исхраната. Им се препорачува на жените кои имаат обилна менструација а патат од слабокрвност.

11. Редовната конзумација на вишни го намалува ризикот од дијабетис. Луѓето кои веќе имаат дијабетс треба да јадат ограничени количини на вишни, бидејќи содржат многу шеќер, многу повеќе од црешите.

12. Ги зајакнува крвните садови, особено капиларите.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag