Жени, внимание!!! Мажите сфатија кога да Ви кажат- ТЕ САКАМ!

popara3 август, 20203min00
pexels-asad-photo-maldives-1024960-1536x1024

Вечна дилема: кога да се каже тоа, дали кога го чувствувате тоа или да почекате таа прва да каже

Два магични зборови, што значат многу: ТЕ САКАМ.

И вечното прашање, кога треба да ги кажете, треба да почекате да го слушнете прво од другата страна, дали треба да се препуштите на своите чувства и да ги кажете кога срцето го сака тоа или е најдобро да чекате идеална можност.

Овој пат одговорот го даваат мажите, а нивните изјави сигурно ќе ги интересираат жените.

Не постои вистинско време

Им кажувам кога чувствувам љубов кон нив. Препуштете се на  чувствата и кажете го тоа кога сакате, нема правила, без разлика дали тоа ќе биде после три месеци или два часа врска, сѐ зависи од вас.

Таа ме прави да се чувствувам комплетен

Тоа е помалку чувство и повеќе разбирање дека таа ме прави целосен и дека сакам да остарам со неа и да се грижам за неа.

Физичка болка

Кога сфаќам дека сум заљубен, а не сум ѝ го кажал тоа на неа, ми создава огромна болка во стомакот.

Само кога сте сигурни

Овие два збора ги кажувам само кога сум сериозен и искрено за заљубен. После тие зборови нема повеќе извртување. Не го кажав тоа набрзина, но по долго време сфатив дека таа е вистинската за мене.

Размислувате само за тоа

Одеше на годишен одмор со пријателите,а јас само размислував за неа и бев како накиснато куче сè додека не се врати. Тогаш сфатив: тоа е тоа ѝ кажав дека ја сакам.

Дури тогаш кога таа прво ќе го изговори тоа

Јас не ризикувам ништо за да не се разочарам. Само кога таа ќе ми каже на мене, јас ќе и возвратам.

Тоа е првото нешто на кое помислувам кога ќе ја видам

Секојпат кога ќе ја видам сакам да и кажам дека ја сакам, а со сегашната девојка тоа се случи по два месеци врска. Помина една година и не можеме да кажеме дека некогаш сме биле послеќни од сега.

Кажете го тоа само ако навистина го мислите така

Луѓето го минимизираат значењето на овие зборови затоа што тие ги кажуваат премногу често. Не е така со мене, кога велам: Те сакам, таа знае дека навистина го мислам тоа.

Вулкан

Кога мислите дека ќе експлодирате и не можете повеќе да ги задржувате чувствата во себе. Се чувствувате како вулкан пред ерупција, ако не го кажете тоа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma