Писателката Исидора Бјелица почина во 53 година од животот, во станот на своите родители во Нов Белград, потврдила нејзината сестра.
Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ е неутешна по смртта на Исидора, а со својата пријателка се збогувала со потресни зборови на Инстаграм.
– Мила моја, многу ќе ми недостасуваш…Нека те чуваат ангелите- напишала Цеца на фотографија од Исидора.
За време на повеќегодишната борба со ракот, Цеца била една од пријателките кои и помагале на Исидора.
Исидора Бјелица е родена во Сараево во 1967 година каде завршила средно училиште. Потоа завршила Факултет за драмски уметности во Белград (отсек драматургија) и магистрирала на истиот факултет со тезата”Технотрилер како современ облик на трагедија”
Живеела и работела во Белград. Била во брак со Небојша Пајкиќ со кој има две деца- Лав Григориј Пајкиќ и Вила Евангелина Пајкиќ.