Доколку ви е тешко да останете присутни за време на сексот и да уживате во моментот заради разни работи кои ви се мотаат низ глава, важно е да знаете дека не сте сами.
Можеби ве мачат анксиозни мисли или се грижите за тоа како изгледа вашето тело, како и дали ќе дојдете до оргазам.
Овој проблем е чест и кај двата пола и ви оневозможува да уживате во сексот онака како што треба.
Џема Криб, психолог и сексуален терапевт, објаснува како да излезете од својата глава за време на сексот и комплетно да уживате.
1. Подгответе атмосфера
Наместете го креветот на специјален начин, запалете свеќи, пуштете некоја сензуална музика и направете било што што ќе ви помогне да се чувствувате посекси.
2. Поврзете се со своето тело
Релаксирано туширање, убава масажа, истегнување и медитација можат да ви помогнат да се справите со лошите мисли, но и на подобар начин да се поврзете со вашето тело, да го засакате и да уживате со партнерот.
3. Гледајте се во очи
Очите нека ви бидат отворени што е можно почесто за време на сексот, за да се почувствувате поврзано со партнерот и да ја почувствувате сексуалната енергија на моментот.
4. Разговарајте
Повремена комуникација за време на сексот може да биде многу корисна. Давање позитивни реакции или давање инструкции, како и барање од партнерот да ги каже своите желби може многу да ви помогне.
5. Немојте да бидете робови на рутината
Кога нешто ќе ни прејде во навика и ќе стане работа која ја правиме механички, не обрнуваме внимание повеќе, а не внимаваме ниту на процесот. Експериментирање со фантазиите, пробување на разни пози или локации за секс, како и играње улоги може да ви отвори нови видици и да ви помогне да останете фокусирани.