Еве како Кинеската комунистичка партија ги контролира филмските хитови на Холивуд

6 август, 20200
Annotation 2020-08-06 160645

Како кинеската влада влијае на Холивуд? Одговорот на прашањето го побара „Pen America“, организација која се занимава со човекови права и слобода на говор. Резултатите од студијата се шокантни.

Филмските студија, според „Pen America“, ги темелат повеќето одлуки за филмот – според актерите, акција и дијалогот – според строгите желби на кинеската влада и ги менуваат доколку е потребно за да не се лутат властите во земјата што е еден од најголемите светски филмски пазари.

  • Кинеската комунистичка партија во голема мерка го обликува она што го гледа глобалната публика. И додека сите сме свесни за строгата контрола со која кинеската влада ги потиснува оригиналните мисли и креативност во нејзините граници, долгата рака на кинеската цензура веќе навлезе длабоко во Холивуд и диктира што може да се прикаже, а што не, односно ја обликува перцепцијата на јавноста, рече Џејмс Тагер од „Pen America“.

Некои од филмовите што се модифицирани за да одговараат на кинескиот пазар ги вклучуваат филмовите: „Star Trek: Beyond“, „Alien: Covenant“, „Cloud Atlas“ и „Bohemian Rapsody“ во кои се цензурира целата ЛГБТ содржина.

И сцените во кои умираат Кинезите се исфрлени од филмовите „Skyfall“ и „Mission Impossible“.

Овие процеси на самоцензура пред објавувањето на филмот, за да не ја лутат кинеската влада и да изгубат милијарди гледачи, ги прават скоро сите холивудски блокбастери, тврди студијата.

Статистиката исто така покажува дека од некои филмови студиата заработуваат повеќе покажувајќи ги во Кина отколку во САД, а во 2019 година од кинескиот пазар заработиле повеќе од 2,6 милијарди долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi