Една жена од Калифорнија на Twitter сподели за какви тешки теми треба да зборуваат партнерите пред брак, со цел да се обезбеди среќен и долг брак. Таа објави список со 20 работи за кои партнерите треба да се договорат пред брак, а нејзиниот пост брзо стана вирален. Целиот список таа го објави на својот профил на Twitter, а на повеќе од 220.000 корисници имсе допадна нејзиниот пост, пренесува „Daily Mail“.
Нејзиниот список содржи работи за кои партнерите треба да се договорат или да разговараат пред да стапат во брак. Таа вели дека за добар и среќен брак важно е да зборувате за овие работи и да знаете дали вашиот партнер ги прифаќа или не. Ако не, тогаш важно е да се најде компромис.
Еве за кои работи партнерите треба да се договорат:
1. Разговарајте за вашите долгови и како да ги подмирите
2. Двајцата треба да бидете целосно посветени едни на други
3. Кога и колку деца сакате: Усвојување?
4. Сексуално преносливи болести
5. Планови за идна кариера и образование
6. Религија
7. Проблеми со гневот
8. Вашата енергија
9. Облека
10. Сексуална компатибилност
11. Финансии
12. Вашата возраст
13. Граници кога станува збор за спротивниот пол
14. Социјални мрежи
15. Заштеда
16. Што се смета за мамење?
17. Што е ментална и физичка злоупотреба?
18. Што сакате да доживеете пред смртта (т.н. bucket list)
19. Љубовта е / не е она што ја води врската
20. Нивото на образование не е важно