Принцезата од Монако, Шарлин потпишала таен предбрачен договор пред да се омажи за принцот Алберт. Медиумите веќе предвидуваат неуспех на нивниот брак и се прашуваат зошто Шарлин се омажила кога изгледала толку несреќна на нејзината свадба. Очигледно причина за тоа се неверствата на Алберт. Но, што и да ја мачи, не ќе може да каже ниту може да се разведе во рок од пет години.
Предбрачниот договор кој го потпишала ја обврзуваат Шарлин дека најмалку пет години мора да бидат во брак со Алберт. Сепак, бракот се предвидува, бидејќи Алберт веќе неколку пати ја измамил Шарлин и за време на нивната врска откриле дека има две вонбрачни деца. Очигледно, Шарлин била принудена да се омажи за Алберт, за медиумите да престанат да пишуваат за неговите скандали. Се разбира, по пет години ќе добие одредена сума на пари. Но, ако се разведе пред истекот на рокот од пет години, Шарлин ќе ги изгуби ветените пари.