Исповед на маж со еректилна дисфункција: Избегнувал односи, купувал цвеќе а таа мислела дека ја изневерува

popara9 август, 20201min00
Annotation 2020-08-08 204422

Тој не разговарал со својата девојка за ова дури шест месеци

Еректилната дисфункција е проблем што навистина може да биде голем проблем за мажите.

Еден од нив реши да зборува јавно за неговото искуство со ова нарушување.

Тој дури откри дека неговата девојка, заради чудните ситуации што се случувале, мислела дека има друга жена…

Еве што вели овој човек за неговиот проблем со еректилната дисфункција:

Пред околу четири години, за прв пат доживеав тешкотии со ерекцијата. Мајка ми почина ненадејно, а брат ми беше во кома, поради сообраќајна несреќа. Бев под стрес, тагував и имав неконтролирана вознемиреност, што влијаеше на моето либидо, пренесува The Guardian.

Иако јас и мојата девојка до тогаш имавме нормални сексуални односи, оттогаш почнав да ги избегнувам овие активности и барав различни изговори.

Подоцна дознав дека таа мислела дека ја изневерувам, затоа што постојано и купував цвеќе и необично внимавав, да надоместам за недостаток на сексуален однос.

Се надевав дека ќе ја избегнеме приказната за проблемот и дека со текот на времето, тоа едноставно ќе исчезне.

Сепак, после шест месеци, сфатив дека е време да посетам лекар, со кого разговарав за начини за надминување на стресот и ми беше препишан препарат за потенција.

Откако сфатив дека има решение, се отворив кон мојата партнерка, што многу помогна во нашата врска во секоја смисла.

Жал ми е што не решив да го направам овој чекор порано, затоа што сега сме поблиски од кога било и заедно уживаме во интимните моменти.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag