ЃЕРДАНИ за ГРБ: Неодолив додаток што ќе го обожавате ова лето (ФОТО)

popara8 август, 20204min00
Annotation 2020-08-08 210416

Добриот накит ќе ја направи секоја комбинација неодолива, различна и впечатлива.

Модните трендови се менуваат од сезона во сезона, така што една година, на пример, се модерни нараквици, а следните, посуптилни парчиња.

Често се случува она што некогаш беше популарно е повторно во мода, а еден од таквите примери се ѓерданите за грб.  

Уште во 1985 година, овој тренд првпат го носеше принцезата Дијана, а оттогаш, накитот наназад го носат многу познати личности, од Ен Хатавеј до Кара Делавињ, Џенифер Лоренс, Кејт Бланшет и многу други, сè до инфлуенсери и љубители на модата.

Голите грбови стануваат сè попопуларни во модната индустрија, па затоа не изненадува што повеќето луѓе избираат ваков вид акцентирање на најсензитивниот дел од телото.

Доколку овој додаток е нешто што ви се допаѓа, еве како да го вклучите во вашиот стил и да го изнесете на најубав начин.

Овој вид накит оди прекрасно со едноставни фустани со тенки ремени, особено кога тие се свилени или изработени од други потенки материјали без дополнителни украси.

Маиците и фустаните со деколте стануваат сè попопуларни, а доколку изберете ѓердан со впечатлив приврзок, дополнително ќе ја истакнете половината, како и убавата и добро негувана кожа на грбот.

Ако маичките без рамења се ваш избор, одберете поизразено парче кое има и додатоци за рамо.

Комбинирајте ги оние што имаат продолжување околу половината. Доволно е да имаат мали камчиња или монистра за да го привлечете вниманието на сите.

Оние похрабрите можат да изберат некои од овие модели, кои се протегаат низ целиот грб. Ќе се чувствувате секси и моќно, а со парче накит како оваа, секоја облека ќе биде како да сте излегле од модната писта.

Можете да го користите било кој ѓердан за овој стил, односно не мора намерно да купувате парчиња за грб.

Единственото „правило“ е накитот да е подолг и да има приврзок.

Многу дизајнери прават ваков вид накит со поголеми додатоци што можат да се прикачат на прерамките на облеката.

На овој начин, ќе спречите да ве „гуши“ однапред, ако е варијанта што нема приврзок и од предната страна.

Значи, ова лето, одлучете се за овој вид додаток. Со само малку креативност, ќе изгледате како да сте се симнале од црвениот тепих.

Погледнете ги примерите што следуваат, како може да комбинирате вакво нешто и да вклучите ѓердани за грб како дел од вашиот личен стил.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag