Мали трикови што можат да бидат многу корисни
Жените и шминката.
Тоа така оди едно со друго.
Да не се сфаќаме погрешно, далеку од тоа дека осудуваме.
Напротив, секогаш сме фасцинирани од убаво нашминкана жена.
Иако, можеби, малку повеќе сме фасцинирани од тоа кога жената знае убаво да се нашминка сама.
Да бидеме искрени, ракувањето со четка и целата таа силна шминка многумина ја сфаќаат како античка техника што само професионалци успеваат да ја совладаат.
Не дека во тоа нема вистина, но многу девојки не се ни свесни дека имаат талент, затоа што не знаеле „од каде да започнат“.
И затоа, фала богу на туторијалите.
Тие можат да не научат скоро се, почнувајќи од тоа да ги разбереме поимите, односно да нè поучуваат за што за што служи.
Овој пат издвоивме туторијал за кој веруваме дека ќе биде корисен за повеќето девојки.
Оние со мали очи, се разбира, секогаш сакаат да имаат поголеми, додека оние со големи очи … добро, вие ја знаете изреката: Никогаш не е доволно големо.
Шминката навистина прави чуда, и најдобро од сè, не мора да се подложувате на било каков третман или на зафат од пластичен хирург.
Подгответе се, одвојте десетина минути и внимателно следете ги чекорите.
Веруваме дека ќе мора да изгледате и да пробате неколку пати, но вреди да се потрудите, бидејќи ефектот е феноменален:
Подготвени да се обидете и да ги натерате сите да ве гледаат директно во очи?