Додека пешачиме и одиме, ретко размислуваме за начинот на кој го правиме тоа.
Сепак, тоа е стилот на одење што може да укаже на различни физички и ментални здравствени состојби на една личност.
Експертите откриле како одењето може да биде вистински аларм дека нешто не е во ред со нашето здравје:
1. Едната нога ја користите повеќе
Овој начин на одење открива дека ја штедите едната нога и дека тоа веројатно е повреда на глуждот. Таквото одење може да биде и последица на структурни проблеми како што се силата на мускулите, истегнување на лигаментите, артритис и фактот дека едната нога е пократка. Проблемот може да лежи и во повредата на стапалото. Овој вид на одење може да биде штетен за целото тело.
„Телото секогаш ќе ги започне механизмите што ќе го компензираат неправилното одење. „Некои пациенти може да имаат една нога пократка од другата, но тие можат да го забележат ова само подоцна во животот кога зглобовите веќе се истрошиле и предизвикуваат болка во грбот, стапалата, колената или колковите“, објаснува Хенри Хиларио, хирург.
2. Одите бавно
Д-р Хиларио потврди дека дури и годините можат да бидат одговорни за бавното одење. Тој објасни како мускулите на долниот дел од телото можат да ослабнат со возраста и истото може да се случи и со мускулните влакна, а овие два феномени можат да предизвикаат губење на силата и на тој начин да влијаат на брзината на одење.
3. Бавни, кратки чекори
Дали имате навика да не ги кревате стапалата од подот при одење? Д-р Џерсика Шварц, физиотерапевт, вели дека ова може да биде показател за Паркинсоновата болест, па ако таквиот од е последица на болка мора да разговарате со лекар. Можете исто така да правите одредени вежби за зајакнување на мускулите кои ги креваат стапалата.
4. Не одите право
На некои луѓе им е тешко да одат право и да ја следат насоката, а според д-р Шварц, можеби се работи за слаб глутеус. „Овој од кој наликува на одот на пингвин, е исто така последица на остеоартритис на колковите и може да си помогнете сами вежбајќи“, додаде таа. Разговарајте со терапевт или тренер за да ги изберете вистинските вежби за зајакнување на овие мускули.
5. Одите на прстите
Ако сте среќни и возбудени, таквите емоции можат лесно да се пренесат со одење.
„Можете да дознаете многу за менталната состојба на една личност според начинот на кој одат. Среќен човек ќе оди така, така изгледа дека скока во од“ открива д-р Бери Гриц, психијатар од Хјустон.
6. Грчеви во нозете
Некои луѓе имаат чест проблем со грчеви така што остануваат вкочанети на место се додека болката не се смири. Овој проблем може да укаже на тоа дека може да има некои неоткриени болести, како што се болести на белите дробови или артерии, објаснува д-р Џени Хентс. „Не ги обвинувајте годините за сѐ, не е нормална појавата на грчеви во нозете цело време, затоа е најдобро да се посети лекар“, додаде таа.
7. Често се сопнувате
Ако причините за честото сопнување се случајни дупки на улиците, тогаш сигурно не станува збор за нарушено здравје. Меѓутоа, ако ова ви се случува често, немојте да мислите дека сте само несмасни.
„Дијабетичната невропатија е состојба која честопати не е дијагностицирана. Како што напредува дијабетесот, стапалата можат да станат нечувствителни и пациентот честопати не чувствува промена на температурата во стапалата или не е целосно свесен за движењата на телото “, објаснува д-р Шварц. Оваа состојба на крајот може да стане болна, па затоа е важно постојаното следење од страна на лекар.