Во последните месеци читавме само лоши работи за Меган Маркл. Па така дознавме дека е на суд со татко и, дека брат и и мајка и немаат пофални зборови за неа, дека повеќе нема ниту еден пријател, нејзините пријателки откриле нешто лошо за неа, дека на почетокот на кариерата снимала порно филмови и дека го натерала Хари да се одрече од своето семејство, кариера во британската морнарица, пријателите и татковината.
Но изгледа дека приказната за дволичната манипулаторка Меган има две страни. Некои таблоиди сега тврдат дека Меган морала да го натера Хари да избегаат од Британија и дека мораат да се откажат од кралските должности бидејќи во спротивно Меган би го изгубила старателството над синот Арчи.
Се почнало откако таблоидите почнале да ја растргнуваат Меган. Таа во еден момент пукнала и не престанувала да плаче секој пат кога ќе ги погледнела своите фотографии во весниците. Меган и Хари најавиле тужби против британските таблоиди, но медиумите и понатаму продолжиле да ги вадат “нечистите алишта” во јавност. Многу ја повредило тоа што за мајка и Дорија која и била единствената поддршка се пишувало дека е запуштена жена само затоа што папараците ја начекувале додека оди на пазарење. Да станувало збор за било која друга жена никој ништо не би кажал, но сепак се работи за мајката на една од најпознатите жени на светот, а од Дорија се очекувало преку ноќ да го промени начинот на живот на жена од средна класа и да стане дама.
Меган се жалела, иако Хари ја предупредил дека ако стапат во брак, таа ќе биде главна мета на немилосрдните медиуми.
Тоа и одело на нерви на кралицата Елизабета која сметала дека Меган треба да замолчи и да ги прифати строгите правила на британската монархија, наместо да се бори против нив. Тие искористиле се што можат против неа за да и наштетат и да ја натераат да им се покори, а тоа го вклучувало и одземањето на синот.
Борбената Меган тоа никогаш не би го дозволила, па избегала со Хари од Велика Британија, подалеку од кралицата Елизабета, како и од останатите членови на една од најмоќните фамилии на светот. Се смета дека немала друг избор, бидејќи во спротивно би ја чекала жестока битка за старателство над синот.