РК Вардар има слични амбиции како и изминатите години, но сега со еден поинаков тим, нова сопственичка структура, и тренер кој добро го знае квалитетот на тимот.
Стевче Алушовски доби засилувања по мерка, никој не треба да го отпише Вардар, тоа се покажа во минатото, ова е составот со кој црвено-црните ќе атакуваат на добри резултати во новата сезона, прв тест е турнирот во Струга.