Вечни ергени- припадниците на овие три знаци ретко се одлучуваат за брак

popara12 август, 20201min00
брак

Припадниците на овие три хороскопски знаци најчесто ја носат титулата на вечни ергени. Бракот не е нешто кон кое се стремат и за нив е несфатливо да го поминат целиот живот со една личност.

Мажите по ова прашање се многу комплицирани, а ако се родени во некој од овие три хороскопски знаци, тешко ќе се одлучат да стапнат на лудиот камен.

Близнаци

На мажите родени во знакот на Близнаци работите брзо им се здосадуваат, па така и врските. Сакаат авантури и да откриваат нови работи, тешко им е да се замислат со една жена до крајот на животот, а може да ги смири само партнерка која интелектуално ги стимулира. Интелигенцијата за нив е најпривлечната особина.

Стрелец

Стрелците се слободни луѓе кои сакаат да прават се што ќе им падне на памет и бракот како заедница во која е важен компромисот не е за нив. Мажите во овој знак повеќе сакаат пријателство и општа љубов, а не семеен живот. Сакаат својата избраничка да ја даруваат со подароци, нежности и емоции, но бракот како следен чекор кој се подразбира во врската не е за нив.

Водолија

Мажите родени во овој знак ја сакаат својата слобода и независност. Љубовта и физичките односи се важни за Водолијата, но желбата за неограничен живот ги спречува во длабоката интимност и љубовни односи. Шармантен е и ги обожава припадничките на спротивниот пол, па во животот обично има многу врски, но најчесто ниту една не завршува со брак.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag