Манекенката Паулина Поришкова веќе долго не ја шета модната писта, но сепак е во завидна форма. Таа честопати позира во бикини и се фали за својата витка фигура и младешкиот изглед, затоа многумина не можат да веруваат дека има 55 години.
Како што тврди, таа не користи филтри на фотографиите и никогаш не поминала на третмани за затегнување на брчките или естетски корекции на лицето. Нејзината диета е балансирана, но не премногу ограничена, изјави таа.