Музичарот Фуад Бацковиќ (38) попознат како Deen јавноста го запозна кога со песната ‘In the disco’ во 2004 година ја претставуваше Босна и Херцеговина на Евровизија. Пред неколоку години се повлекол од сцената, а среќата решил да ја бара надвор од границите на Балканот, поточно во Лос Анџелес, каде се занимава со моден бизнис.
– Лос Анџелес е град на уметниците и со самото тоа, многу посебен. Уметниците тука живеат слободни и со полни гради, онака како што сакаат и воопшто не се осудувани заради начинот на живот кој самите го одбрале. Луѓето имаат комплетна слобода на живеење и се функционира добро.
– Кога живеете овде сосема е нмормално да гледате лица од светот на музиката и филмот и тоа екојдневно. Мене тоа не ме фасцинира. Имав прилика да запознаат неколку многу познати личности на некои настани и можам да кажам дека тоа се љубезни и приземни луѓе- признал Бацковиќ.
Во Америка стекнал бројни пријатели кои се воодушевени од неговата животна приказна. Често му советуваат да се врати на музичката кариера, но само со песни на англиски јазик.
– Модата и музиката се многу тесно поврзани, а јас сум многу страсен по прашаање на тие професии. Музиката е мојата најголема љубов, но добро е повремено да се направи креативна пауза и да се тргнеш од јавноста. Во животот треба да се знае да се прават и други работи освен стоење зад микрофонот.