Актерот Расел Кроу донираше пари за обнова на познат ресторан оштетен во грозната експлозија во Бејрут, објави во петокот Би-Би-Си.
По експлозијата, „Le Chef“ беше претворен во провалија, објави веб-страницата „GoFundMe“.
Организаторот во четвртокот објави дека добил „многу дарежлива“ донација од некој кој се претставува како Расел Кроу.
Оскаровецот подоцна потврди дека донирал пари во чест на починатиот славен готвач Ентони Бурдајн, кој „Le Chef“ го претстави во еден од неговите документарни филмови.
„Тој веројатно би го сторил истото“
„Мислев дека тој веројатно ќе го стори истото ако сè уште беше меѓу нас“, напиша Кроу на Твитер.
„Ви посакувам се најдобро и на вас и на „Le Chef“ и се надевам дека работите наскоро ќе се вратат во нормала“, додаде тој.
„Le Chef“ се наоѓа во Гемајзе, станбена област близу местото на експлозија во пристаништето на 4 август во кое загинаа повеќе од 200 и беа повредени илјадници луѓе.
Експлозијата била предизвикана од повеќе од 2.700 тони амониум нитрат што неправилно биле складирани во пристаништето.