Голем број на луѓе годишно имаат само неколку недели за квалитетен одмор. Значи, огромното мнозинство од вас веројатно ќе поминат околу 10 дена на одмор и треба да го искористите тоа време за вистински одмор. Денес, ние сме толку „зависни“ од технологијата што не можеме да ги замислиме нашите секојдневни животи без сурфање на Интернет или да прелистуваме на социјални мрежи и е-пошта. Но, ако сакате навистина да се опуштите и да заборавите на вашите дневни одговорности – време е да одите на одмор без електронски уреди. Би рекле дека оние што одат на одмор без паметен телефон и лаптоп се навистина храбри – но овие луѓе прават многу добра работа за своето здравје.
Тие земаат пауза од една недела или повеќе од технологијата и на тој начин забораваат на сите проблеми и задачи што ги чекаат кога се во постојан ритам. Со напуштање на електронски уреди дома или барем во хотел / стан -ќе се осигурате дека ќе уживате во убавините на одморот. Без разлика дали сè уште планирате да го носите вашиот електронски уред на одмор или (полошо) на плажа – време е да се откажете и да си дадете вистинска пауза од секојдневниот живот.