Старлетата Ава Карабатиќ сподели со своите следбеници на Инстаграм дека се смирила со своето поранешно момче, извесен Али кој живее на релација Истанбул – Бејрут.
Старлетата откри дека наскоро ќе застане на лудиот камен:
-Повторно сум во среќна врска со мојот поранешен дечко, ни требаше некое време да сфатиме колку навистина се сакаме. Свадба наскоро – напиша Ава со нивната заедничка фотографија на споменатата социјална мрежа, а честитките во коментарите доаѓаат од сите страни.