СЕКСУАЛНИ ОДНОСИ ЗА ВРЕМЕ НА КОВИД-19: Кондомите и заштитните маски се задолжителни, предупредуваат лекарите

popara15 август, 20201min00
17.10.seks-kondomi

Луѓето кои имаат секс со партнери со кои не живеат треба да носат маска за лице и да избегнуваат бакнување за да спречат пренесување на коронавирусот, предупредуваат лекарите.

Избегнување контакт „лице во лице“ за време на сексуален однос, миење на рацете пред и после сексуалниот однос и сексуален однос со само еден партнер, исто така може да го намали ризикот од ширење на ковид-19, тврдат официјални лица од добротворната организација „Теренс Хигинс“.

Добротворната организација, која се грижи за сексуалното здравје на населението, потенцира дека истражувањето покажало дека скоро 84% од луѓето се воздржале од сексуални односи со партнери со кои не живеат за време на карантинскиот период, но дека е „нереално да се очекува луѓето да го избегнуваат сексот на неодредено време“.

Д-р Мајкл Брејди, водачот на медицинскиот тим на оваа добротворна организација, вели дека сексот е многу важен дел од животот.

– Затоа, како што продолжува пандемијата, сите треба да најдеме начини да ја балансираме нашата потреба за секс и интимност со ризикот од ширење на коронавирусот. Јасно е дека апстиненцијата е најдобриот начин да се заштитите, но веруваме дека со овој совет ќе им помогнеме на луѓето подобро да управуваат со нивните ризици, а во исто време и да уживаат во сексот – се надева д-р Брејди.

Сè уште не е докажано дека коронавирусот се пренесува сексуално, но се знае дека се пренесува со бакнување и директно дишење во некого.

Како и да е, покрај тоа, експертите предлагаат задолжителна употреба на кондоми и проверка на здравствената состојба пред повторниот однос.

Се разбира, никогаш не треба да имате врска ако некој од партнерите има симптоми на болеста.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag