И тогаш таа промовира стандарди за убавина?- Клои Кардашијан малку претерала со Фотошоп, не личи на себе!

15 август, 20200
pjimage-1_1p4bYTX

Реалити ѕвездата Клои Кардашијан (36) не само еднаш има направено грешка, фотографијата пред да ја објави на Инстаграм да ја преработи преку Фотошоп, ѝ се случило неколку пати. Пред неколку месеци, таа објави „селфи“ за кое се шпекулираше дека е целосно фотошопирано, но никој не ја видел оригиналната фотографија, па остана на тоа.

Но, еден од нејзините следбеници немаше мир, па се обиде да најде фотографија од Кардашијан која не била уредувана во програмата. Тој ја објави на Твитер заедно со фотошопираната фотографија. Неговите следбеници беа изненадени од разликите помеѓу двете фотографии.

– И тогаш таа промовира стандарди за убавина? Жал ми е што овие се две различни личности. Ова е тажно. Зошто го прави ова? – се само некои од коментарите.

Но, имаше и такви кои напишаа дека Клои изгледа навистина убаво без да ја „пегла“ фотографијата, но некои се исто така загрижени затоа што релити ѕвездата е толку очајна да го смени изгледот.

Претходно се шпекулираше дека Кардашијан отишла „под нож“ откако ја објавил засегнатата фотографија. Сега се покажа дека Фотошоп-от е одговорен за нејзиниот беспрекорен изглед.

Како и да е, на реалити ѕвездата ѝ е најбитно да изгледа добро, затоа не обрнува внимание на коментарите на своите следбеници дека претерала и дека повеќе не е „старата Клои“.

Клои не се грижи за коментарите што ги добива од луѓето кои тврдат дека не личи на себе. Таа смета дека изгледа одлично и не ѝ е грижа за тоа што мислат луѓето сè додека е среќна – рече пријател на Кардашијан.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi