И како оброк, и како највкусен додадок: Пиперките полнети со јајца и сирење ќе ве освојат со ПРВИОТ залак (рецепт)
ПОТРЕБНИ СОСТОЈЌИ
12 парчиња црвени пиперки
сирење – 350 гр кравјо
4 јајца
брашно – 1 лажица по потреба
1 домат
магдонос ситно сецкан
масло
сол
МЕТОД НА ПОДГОТОВКА
Измијте ги пиперките, излупете ги и добро исчистете ги од семето. Додадете малку сол внатре.
Изматете ги јајцата и измешајте ги со ренданиот кашкавал, ако сакате, додадете излупени и ситно сецкани домати. Ако смесата треба да биде подебела, тоа ќе го постигнете со 1 лажица брашно. На крај, додадете малку сецкан магдонос.
Наполнете ги пиперките со смесата и натопете го отворот со брашно. Наредете ги во подмачкана тава. Посипете со обично или маслиново масло.
Ставете ги пиперките полни со јајца и сирење да се печат во загреана рерна на 180 степени за 30 минути .
Служете ги пиперките со малку повеќе ситно сецкан магдонос.