Докузовски го објави поширокиот список од 24 кошаркари кои ќе се подготвуваат за ЕП

popara6 јули, 20111min00
kosarka_1

Селекторот на сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија, Марин Докузовски, денеска го објави поширокиот список од 24 кошаркари кои ќе се подготвуваат за настап на Европското првенство во Литванија.

Без сериозни изненадувања во изборот, Докузовски ги повика следните кошаркари:

1. Димитар Мираковски
2. Лестер Бо Меккејлеб
3. Владо Илиевски
4. Ефтим Богоев
5. Александар Костоски
6. Маркиз Грин
7. Огнен Стојановски
8. Марко Симоновски
9. Дарко Соколов
10. Ристе Стефанов
11. Војдан Стојановски
12. Дамјан Стојановски
13. Ивица Димчевски
14. Перо Антиќ
15. Тодор Гечевски
16. Предраг Самарџиски
17. Ѓорѓи Чековски
18. Кирил Николовски
19. Златко Гоцевски
20. Слободан Михајловски
21. Бојан Трајковски
22. Џеремаја Мејси
23. Владимир Брчков
24. Бојан Крстевски

Во однос на лани недостасува Димитар Караџовски, додека повратник во екипата е Бојан Трајковски. Подготовките на нашиот сениорски состав почнуваат на 10 јули во Скопје, а со тренинзи ќе почнат следните 16 кошаркари:

1. Тодор Гечевски
2. Перо Антиќ
3. Предраг Самарџиски
4. Ѓорѓи Чековски
5. Кирил Николовски
6. Ристе Стефанов
7. Лестер Бо Меккејлеб
8. Владо Илиевски
9. Дарко Соколов
10. Војдан Стојановски
11. Дамјан Стојановски
12. Марко Симоновски
13. Златко Гоцевски
14. Ивица Димчевски
15. Димитар Мираковски
16. Александар Костоски

На 17 јули репрезентацијата ќе продолжи со подготовки во Охрид, а потоа ќе одигра серија пријателски натпревари во Словенија и Италија. Европското првенство во Литванија почнува на 31 август, а нашата репрезентација се наоѓа во групата Ц заедно со Босна и Херцеговина, Грција, Хрватска, Црна Гора и еден квалификант.

Извор: Спортнет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma