Раперот Канје Вест се квалификуваше за место на гласачката листа во Јута, САД на претседателските избори во ноември како независен кандидат.
Директорот на државните избори Џастин Ли денес потврди дека Вест собрал 1.000 потписи на регистрирани гласачи потребни за место на гласачкото ливче.
Вест, кој го поддржуваше републиканскиот претседател Доналд Трамп, минатиот месец објави дека се разидува со Трамп и дека ќе започне своја претседателска кампања.
На 15 јули тој ја предаде документацијата на Федералната изборна комисија.
Покрај Јута, Вест се кандидираше и во Арканзас, Оклахома и Колорадо.