Луксуз без граници: Бродскиот “теренец” што оди под површината на морето
Aquanaut е инспириран од разностраноста и стабилноста на теренските возила. Бродот е долг 18 метри и е дизајниран од италијанското студио Officina Armare…
Aquanaut е подготвен да заплови по светските мориња. Станува збор за таканаречен луксузен катамаран кој може да оди преку море, но и под неговата површина.
Поточно, за цена од 2.590.500 евра, доаѓа и со своја мини подморница со која можете да го истражувате подводниот свет во околината.
Aquanaut е инспириран од разновидноста и стабилност на SUV. Бродот е долг 18 метри и е дизајниран од италијанското студио Officina Armare. Мини подморницата Немо доаѓа од веќе добро познатата холандска работилница U-Boat Worx.
Благодарение на моторите Volvo Penta IPS 1050 Aquanaut може да достигне максимална брзина од 45 јазли, додека просечната брзина е околу 30 јазли. Од друга страна, Немо постигнува максимална брзина од 3 јазли под вода.
Овој луксузен брод има голем простор на палубата за сончање и уживање со лежалки и џакузи, отворен бар и отворена област за јадење. Тој е идеален избор за групи до 12 лица.