Најмалку еден од четворица луѓе во Индија може да бидат заразени со вирусот „ковид-19“, што е многу поголем број од официјалните претпоставки, рече првиот човек на водечката приватна лабораторија, А. Велумани. Тој рече дека анализата на 270.000 тестови за антитела спроведени ширум Индија го утврдила нивното присуство кај 26 проценти од тестираните лица, што укажува дека тие веќе биле изложени на вирус, пренесува Ројтерс.
„Тоа е многу поголем процент отколку што очекувавме“. Присуството на вирусот е исто во сите возрасни групи, вклучително и децата “, рече Велумани.