ДОБРА ВЕСТ: И луѓето кои никогаш не биле изложени на коронавирус може да имаат заштитни Т-клетки

popara22 август, 20201min00
t kletki

Претходните истражувања за антитела на коронавирус, протеините во крвта кои го штитат организмот од последователни инфекции, сугерираат дека тие би можеле да избледат во рок од неколку месеци.

Сепак, многу вакви студии не ја зедоа во предвид повеќеслојната одбрана на нашиот имунолошки систем против разни напади, поточно, улогата на белите крвни зрнца, кои поседуваат импресивна моќ на меморија. Овие крвни клетки му помагаат на телото да се искачи на повисоко ниво во борбата против вирусот.

Студијата објавена во списанието Cell, сугерира дека секој што ќе добие Ковид 19, дури и оние со лесни симптоми или целосно асимптоматски, развиваат Т-клетки во телото кои ги идентификуваат и уништуваат заразените клетки и ги информираат Б-клетките за тоа како да развиваат нови антитела, кои ќе се борат против вирусот.

Овие Т-клетки можат да останат во телото со години, додека нивото на антитела создадени во организмот се намалува со текот на времето по инфекцијата, пренесува Кликс.

Авторите на оваа студија анализирале крв на 206 лица во Шведска кои имале Ковид-19 со различна клиничка слика. Откриле дека без оглед на тоа дали некое лице закрепнувало од тежок или благ случај, во секој случај, тие развиле силни Т-клетки, способни да одговорат на подоцнежните напади на вирусот.

Неодамна се направени упте неколку други слични оптимистички студии. Студијата објавена во јули открила дека во групата од 36 опоравени пациенти, сите произведуваат мемориски Т-клетки. Во Германија, научниците дошле до заклучок дека 80 проценти од пациентите кои учествувале во истражувањето развиле Т-клетки специфични за овој вирус.

Интересно е откритието дека дури и луѓето кои никогаш не биле изложени на коронавирус можат да имаат заштитни Т-клетки. Научниците објаснувањето за ваквите резултати го гледаат во феноменот наречен вкрстена реактивност – Т-клетките веројатно потекнуваат од претходната изложеност на некои други коронавируси, оние кои предизвикуваат настинки.

Иако оваа вест за Т-клетките ветува, научниците сè уште не знаат точно колку трае имунитетот на коронавирусот. Добрата работа е што по инфекцијата нивниот број не се намалува како кај антителата, згора на тоа, студијата покажа дека Т-клетките дури се зголемуваат три месеци по симптомите на коронавирус.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag