Американската полиција е во потрага по човекот кој влегол во галеријата “Вејнстејн“ во Сан Франциско, го зграпчил цртежот на Пикасо од ѕидот и веднаш истрчал во такси, кое го чекало надвор пред вратата.
Оваа уникатна слика на Пикасо од 1965 година под името “Глава на жена“ е проценета на стотици илјади долари.
Според проценките на полицијата осомничениот има околу 30 години, носел мокасинки и темни очила.
Делата од другите сликари како Дали и Миро не биле земени.