Актерката и пејачка Џенифер Лопез е една од оние дами чијашто убавина воопшто не бледее, а на социјалните мрежи уште еднаш докажа зошто многумина ја сметаат за една од најубавите жени во светот.
Претприемничката Џ.Ло, на која ретко кој би и дал 51 година што го прослави на 24 јули, наскоро ќе ја започне својата козметика линија, па ја искористи приликата да го покаже својот сончев тен на Instagram.
Убавата Американка со корени од Порто Рико ги воодушеви своите бројни обожаватели со своето младешко лице без брчки и шминка, што дополнително ги потенцираше совршените црти на лицето на познатата убавица која може лесно да ги засени дури и двапати помладите колешки.
- Сјајот на зајдисонцето … JLoBeauty наскоро доаѓа – убавата бринета ја објави својата нова колекција за убавина со серија фотографии
Згодната Џенифер позираше во романтичен фустан со разголено рамо од брендот LoveShackFancy, што дополнително го истакна нејзиниот бронзен тен, а таа не заборави на омилениот моден додаток: обетки во форма на големи прстени.
‘Леле’, ‘Убава’, ‘Не можеме да чекаме’, беа само серијата комплименти од ентузијастичките обожаватели на убавата актерка и пејачка, која има дури 129 милиони следбеници на Instagram, па затоа за кратко време доби повеќе од милион лајкови.
Патем, ова не е прво патување во Beauty водите за Џенифер која направи одлична работа со нејзините парфеми како легендарниот „Glow“, лансиран во 2002 година.
Бидејќи сè што таа допира се претвора во злато, не се сомневаме дека нејзината линија за убавина исто така ќе биде голем хит.
Патем, познатата убавица која со улогата на Рамона во филмот „Hustlers“ нема намера да ја запостави својата филмска и музичка кариера и веќе има неколку проекти на кои наскоро ќе започне со работа.