Холивудската актерка како да не старее, а во тоа и помага минималистичката рутина за убавина и фитнесот, но ги сака и козметичките третмани кои ја зголемуваат отпорноста на кожата за појава на брчки.
Иако е близу шеесеттите години, славната актерка Сандра Булок (56) не претерува со третмани како што е пилингот и се придржува кон овој ритуал само еднаш неделно. Покрај тоа, таа ја нагласува минималистичка рутина затоа што е свесна дека кожата на нејзина возраст е чувствителна и тенка.
Таа редовно посетува козметичар и сака третмани кои го зголемуваат производството на колаген, но се неинвазивни и делуваат на површинските слоеви на кожата.
Булок, верува дека за убавината е заслужна и фитнес рутината. Редовно вежба секој ден, доколку нејзината работа тоа го дозволува. Таа сака да трча, да вежба пилатес и да вози велосипед.
Сандра Булок, во една прилика открила дека е подготвена да експериментира со креми, па пробала крем за хемороиди на очите – со тоа открила дека брчките се намалуваат, а кожата се нахранува, објави Women’s Health.