По поплавите, торнадата и пожарите кои ја погодија Америка, овој пат се случи уште една трагедија. Песочна олуја буквално го проголта Феникс во Аризона. Олујата или “habub” како често ја нарекуваат, е регуларна појава во САД во текот на сеозната “монсуни”, која трае до крајот на септември. Дебели и густи облаци од прашина носени од силни ветрови, ја намалија видливоста, го загрозија сообраќајот и направија големи проблеми во Феникс.
Во вторникот, песочната олуја предизвика и застој во авио сообраќајот, а националната метеролошка слижба соопштила дека ветарот дувал со брзина од 60 милји на час, и повеќе од 8.000 граѓани останале без струја.