ВИДЕО: Ал го ремастерираше најстариот филм во светот

popara26 август, 20201min0
VIDEO-AI-remasterirao-najstariji-film-na-svijetu_VIDIClanakNaslovna

Roundhay Garden Scene е снимен во Лидс пред 132 години, а со помош на Ал беше подигнат од 12 fps на 250 fps.

Инженерот и ЈуТјубер Денис Ширјаев реши да го ремастерира најстариот познат филм во светот со 4K квалитет користејќи софистицирана Ал. Филмот Roundhay Garden Scene, кој трае само 1,66 секунди, е снимен на 14 октомври 1888 година, во Лидс, Англија, од страна на францускиот иноватор Луис Ле Принц, со камера од сопствено изработување.

Оригиналниот црно-бел филм прикажува четири лица во една градина шетајќи во круг и се состоел од само 20 слики. Ширјаев на својот ЈуТјуб-канал објави нова верзија, која ја обоил со Ал, подигнат на 4К квалитет и 250 fps, што создава чувство на измазнување и поприродно движење на ликовите, а користени се и техники за подобрување на лицето, како што можете да видите во ова видео.

Пред да започне процесот на реставрација, Ширјаев презеде 20 позитиви сликички од филмот од веб-страницата на британскиот Национален музеј и потоа ги вметна во софтвер кој ги постави ликовите во постојана позиција низ сите сликички. Потоа додаде алгоритам за стабилизација и ја вклучи нервната мрежа што се занимаваше со реставрација на лицето со додавање на повеќе детали.

Крајниот резултат беше филм од 3 секунди, кој работи со 250 фрејмови во секунда

Инаку, некои трагедии, контроверзии и теории на заговор се поврзани со овој прв филм во историјата. Неговиот автор Луис ле Принц ги снимал во градината родителите на неговата сопруга г-дин и г-ѓа Витли, неговиот син Адолф и другарката Хариот Хартли. Една недела по снимањето на филмот, Хариот Хартли починала, а Луис Ле Принц мистериозно исчезнал во воз меѓу Дижон и Париз две години подоцна и никогаш не се открило што се случило со него. Бидејќи тој патувал во Лондон за да го патентира изумот на филмографијата што подоцна бил патентиран од Едисон, постои теорија на заговор дека американскиот иноватор бил вклучен во неговото исчезнување.

Иако неговото семејство се обидувало да го прогласи за пронаоѓач на филмот во граѓанскиот суд, главниот сведок кој требал да сведочи за автентичноста на првиот филм на Луј Ле Принц бил неговиот син Адолф, кој бил пронајден мртов, испукан со пиштол во Фајр Ајланд во Њу Јорк во 1902 година.

По „патентните војни“ што завршиле во 1908 година, Томас Едисон бил прогласен за единствен изумител на филмографијата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag