Италијанскиот Јувентус подготвува понуда во висина од 21 милион евра за чилеанската ѕвезда во редовите на Баер Леверкузен, Артуро Видал, тврди спортскиот дневник “Триумф”.
Тренерот на клубот од Торино, Антонио Конте сака по секоја цена да го доведе јужноамериканецот во тимот и е подготвен да направи се што е возможно за да ја оствари целта.
Видал зад себе има одлична сезона во дресот на популарните “фармацевти”, со што го привлече кон себе вниманието на многу клубови.
Спортскиот директор на Леверкузен, Руди Фелер призна дека многу тима пројавија интерес за чилеанскиот интернационалец.
“Интересот за Артуро е много голем. Има многу клубови кои сакаат да го ангажираат.”, – прокоментирал легендарниот поранешен германски репрезентативец за “Газета дело Спорт”.
“Би го продале само ако оцениме дека понудата која ќе дојде за него е навистина добра.” – додал тој.