Пробавте безброј рецепти, но сепак палачинките не се како оние во ресторанот?!Еве неколку совети за успешна „ПРВА“ палачинка!

popara27 август, 20201min0
Palačinke_1000x0

Со оглед на тоа што кулинарските експерти исто така се согласуваат дека првата палачинка ретко кога успева, па како може аматерите да го избегнат овој проблем?

Се разбира, најлесно е да се помириме со фактот дека првата ќе биде едноставно стуткана и изедена попат, додека другите се печат. Од друга страна, има неколку трикови што би можеле да помогнат да се спречи да се случи токму тоа.

Готвачката Хенриета Инман од Лондон, која е специјалист за слатки, вели дека не е запознаена со физиката што го објаснува целиот процес, но знае дека тајната е во добро измешаната смеса, тавата која е „навикната“ на таа смеса и добро загревање.

“Смесата не треба да се меша премногу долго, но сите состојки мора да се соединети. Секогаш користете иста тава за печење палачинки, добро загрејте ја и започнете”, изјави Инман за „Гардијан“.

Угостителот и критичар Бил Грејнџер се согласува дека тесто од палачинки не треба премногу да се меша.

“Ако остане по некоја грутка брашно во смесата, не паничете, тоа е добар знак. Палачинката ќе биде помека, нема да биде гумена”, објаснува тој.

Тој исто така советува дека смесата треба да отстои некое време пред печењето.

„Оставете да отстои околу дваесет минути, за да се опушти глутенот. Колку подолго ја мешате смесата, толку подолго треба да стои“.

Се разбира и тавата игра голема улога.

“Ставете ја тавата на умерена топлина да се загрева пред да додадете масло. Нека тавата се загрее добро и рамномерно. Премачкајте ја целата површина со путер, а потоа извадете го вишокот со салфетка, но не премногу. Мора да има масло. Во рестораните тавите толку многу се користат па секогаш се добро подмачкани, што честопати не е случај дома “, вели Гренџер.

Печењето палачинки е, на крајот, како и сè друго, вештина што треба да се практикува.

“Тоа е прашање на пракса и неколку неуспешни обиди. Тоа им се случува на сите и се вика искуство”, забележува Инман.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag