Во италијанскиот град Рока Д’Евандо, снимена е борба помеѓу орел и змија, која ја прекинал случаен минувач.
Според италијанскиот портал paesanews.it, орелот ја нападнал и се обидел да ја фати змијата, но како што ја зафатил незгодно, успеала да се завитка околу него и почнала да го стиска со своето тело.
Којзнае како би завршила нивната борба на живот или смрт, ако не наишол Доменико Витале кој ја прекина борбата и стрпливо ја одврза змијата од орелот, кој веднаш одлета, а змијата е пуштена во природа.