Многу посетители спијат ноќе пред куќата на Марина чекајќи ја сесија
Десетици луѓе ни кажаа дека таа им помогнала при стерилитет, дека предвидувала и убави и тажни моменти. Упорните луѓе чекаат две до три ноќи во деновите кога е многу полно. Колони од автомобили стојат на влезот во селото Мијајлица кај Бојник, со 190 жители недалеку од Лесковец, а многумина спијат ноќе пред куќата на оваа мистериозна жена и чекаат за сесија.
За Марина се знае многу малку, освен тоа што е жена во своите четириесетти години и дека „ги открила своите натприродни сили пред 15 години“. Оние што биле кај неа на преглед велат дека штом таа ќе го погледне човекот, му поставува дијагноза, а потоа го лекува за краток временски период.
Влезот во селото е блокиран од бесконечна колона автомобили, како на граничниот премин. Луѓето стојат трпеливо потпирајќи се на своите автомобили и чекаат да се приближат воопшто до куќата на Марина, од каде започнува овој необичен аџилак.
– Стотици, понекогаш илјадници луѓе кампуваат во шатори секој ден пред куќата на Марина. Условот Марина да ги прими е да спијат една ноќ пред нејзината куќа, а многумина од нив спијат и по три или четири ноќи. Утрото, една од домашните излегува и им дели броеви на луѓето, како во банка.
Потоа, според распоредот од тие бројки, влегуваат во куќата на Марина на сесија. Таму ги прима во просторија полна со икони – ни велат селаните од Мијајлица, кои и самите веруваат дека нивната сосетка има лековита моќ.
Штом ќе го види човекот, Марина веднаш му кажува што му недостасува. Без грешка ја погодува дијагнозата. Потоа им препишува терапија. Нема на кого не му ја открила болката и не го излечила со својата биоенергија. И за возврат, таа не бара ништо, нема тарифа, туку кој колку ќе даде.
Луѓето од целиот Балкан доаѓаат кај неа. Бугарите ја сметаат за нова Ванѓа, а луѓе доаѓаат и од Македонија, Црна Гора, Босна, од цела Србија … Ги лечи и оние што не доаѓаат лично, доволно е да испратите слика преку некој. Колку што знаеме, таа дозна за нејзината моќ пред 15 години и оттогаш е во овој бизнис – уверуваат соседите на Марина.
Еден Бугарин, кога го најдовме стрпливо чекајќи во Мијајлица за Марина да го прегледа, рече дека тој веќе е убеден во нејзината моќ.
– Оваа жена не е волшебничка, туку вистински исцелител. Кога ќе дојдете кај неа, тоа е како да дојдовте кај психолог. Ве ослободува од стравот,ви дава надеж. Познавам жени кои беа неплодни, а по сесијата родија две деца.
Многу веќе отпишани луѓе кренала на нозе. Марина е скромна жена и не сака многу да се знае за неа – ни кажува еден од многуте бугарски граѓани кои секој ден доаѓаат во Мијајлица.