Веjко Ражнатовиќ (23) се подготвува за првиот натпревар откако го прележа корона вирусот. Младиот боксер во рингот ќе се соочи со украинецот Денис Казаков, верувале или не, неговиот тримесечен син Жељко ќе го гледа од првиот ред.
“Мојот син ќе дојде на тој натпревар! Тогаш ќе го види тато во рингот за прв пат. Би сакал син ми да биде боксер. Не верувам дека ќе биде пејач, не го фаќа тоа машката страна на Ражнатовиќ, само женката. Мислам дека ќе биде малку попаметен. Вистина е дека пишував песни еден период, но немав татко … Жељко ме има мене да го научам да биде спортист! Сигурен сум дека ќе биде заводник, но не знам дали ќе се ожени на млади години како мене “, вели Вељко и додава дека баба Цеца и баба Данијела се тепаат која повеќе ќе се грижи за внукот:
“Сите ми помагаат, па затоа можам да се посветам на тренингот. Сопругата Богдана се грижи за Жељко и мојата и нејзината мајка се тука да помогнат. Сите се борат кој ќе се грижи за него!”