Симпатичното видео има освоено многу срца, а родителите не кријат колку се горди на нивниот мал генијалец. Секој родител засекогаш се сеќава на моментот кога нивното дете ќе го изговори својот прв збор. Но,за овие Британци пристигнаа тој ден многу порано отколку што очекуваа. Каролин (37) и Ник Тејлор-Мулингтон (36) од Виластон, Чешир, не можеа да им веруваат на своите уши кога нивниот двомесечен син Чарли јасно изговори „здраво“.
Тие брзо го зграпчиле телефонот за да ја снимат оваа необична интеракција бидејќи бебето постојано го поздравувал својот горд татко. Со оглед на тоа што повеќето деца го изговараат својот прв збор на возраст од 10 до 14 месеци, ова може да се каже дека е многу импресивно.
Во видеото, кое е снимено на 21 август во домот на семејството Тејлор-Малингтон, тато Ник го држи наследникот во рацете и го поздравува со зборот „здраво“, додека бебето го гледа со интерес и на почетокот составува устата во форма на зборот што го слуша за на крајот да го повтори сам.