Генот на виткост е поврзан со болести на срцето

popara7 јули, 20111min00
vitkost_1

Генот на виткоста е наречен “IRS1” и покрај тоа што спречува таложење поткожно масно ткиво, делува на покачување на холестерол и гликоза во крвта. На тој начин дури и слабите луѓе кои го имаат овој ген, изложени се на поголем ризик од болести на срце или дијабетис.

Виткоста не го елиминира ризикот од срцеви заболувања или дијабетис, соопшија научниците откако го открија генот за кој е утврдено дека е во врска со ниската телесна тежина, но и со поголемата можност за заболувања од така наречени метаболитички болести.

Експертите од Британскиот медицински истражувачки совет истакнуваат дека постои врска помеѓу „генот на виткоста” и зголемениот ризик од болести на срцето и дијабетис тип 2- болести од кои најчесто патат луѓето склони кон дебелење.

Тимот истражувачи го испитал  генетскиот код кај повеќе од 75.000 луѓе, со цел да утврдат кои гени го одредуваат процентот на масти и открил дека генот наречен “IRS1” е во директна врска со пониското количество телесни масти.

Проглабочувајки го истражувањето, експертите откриле дека “IRS1” исто така создава услови за високи нивоа на холестерол и глукоза во крвта- главни индикатори на метаболитичките болести.

 

 

Rut Lus, раководител на истражувањето, чии резултати се објавени во магазинот “Nature Genetics”, заклучила дека луѓето кои го поседуваат генот  “IRS1” се помалку подложни на таложење на поткожно масно ткиво, но затоа таквите маснотии се сместуваат околу органите, што може да доведе до сериозни заболувања.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag