Компирите постепено ви ја зголемуваат тежината

popara7 јули, 20111min00
kompiri

Чипсот и пржените компирчиња како и сите останати производи од компир придонесуваат за здебелување со текот на годините покажува најновото истражување на Харвард.

Научниците од Харвард направиле истражување за поврзаноста на дебелеењето и повеќегодишната употреба на одредени намирници. Истражувањето кое траело 20 години и во кое учествувале повеќе од 100 илјади испитаници, открило дека одредени намирници треба внимателно да се конзумираат.

Истражувајќи која храна најмногу допринесува за дебелење, научниците откриле дека тоа е компирот, односно неговите производи – чипс и пржени компичиња. Токму поради овие производи од компир луѓето најмногу се дебелеле со текот на годините, а воопшто не биле свесни. Во период од четири години испитаниците се здебелувале за 2 килограми од овие производи.

“Причина за тоа најверојатно е скробот и рафинираните јаглехидрати кои предизвикуваат зголемување на гликозата во крвта и на инсулинот. Поради тоа се зголемува чувството на глад и човекот јаде повеќе од што му е потребно. Нашето истражување покажува дека само мали промени во стилот на живот можат драстично да ги сменат нештата и луѓето треба да размислат за тоа.” Истакнува д-р.  Дариуш Мозафариан, епидемиолог, кој работел на истражувањето.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma