ПРОДАДЕТЕ ГО РОНАЛДО АКО ГО САКАТЕ МЕСИ: Јувентус има услов што е невозможно да се исполни!

popara31 август, 20201min0
mesi

На сите им е јасно дека ќе треба да се одлучат на овој чекор доколку го сакаат Аргентинецот.

На почетокот, се чинеше како шега, но сега би било изненадување ако Лионел Меси (33) не ја напушти Барселона ова лето по конфликтот со управата на клубот.

Сè уште е неизвесно дали тој ќе го стори тоа како слободен агент, дали клаузулата од 700 милиони евра е сè уште активна во неговиот договор бидејќи Меси тврди едно, а Барселона и Ла Лига друго, но сигурно е дека само неколку клубови во светот можат да си дозволат тоа.

Најмногу се споменува Манчестер Сити, бидејќи Меси отсекогаш сакал да се испроба во Премиер лигата, а тоа би можел да го стори и со Гвардиола, додека друга популарна опција е Парис Сен Жермен.

Баерн веќе се повлече од трката, како и Ливерпул, Челси потроши премногу пари за да може да го купи и Меси, додека Манчестер Јунајтед не изгледаше како опција. Тие само го спомнаа Интер, кој е помалку и помалку актуелен, односно Јувентус…

Италијанските медиуми пренесуваат дека челновите на клубот од Торино прво контактирале со таткото на Меси за да дознаат дали тој оди во Италија, а засега нема повратни информации.

Она што за сега е познато е дека Барселона го сака Пауло Дибала, и дека Јувентус би можел да го искористи во „размена“ со дополнителен надомест, додека веројатно нема да им се допадне вториот услов, кој не го наметна Меси и затоа работата е многу неизвесна.

Јувентус би морал да се откаже од Кристијано Роналдо, а причината не е нетолеранцијата на двајцата играчи, туку платата што Португалецот ја има во Јувентус.

Би било невозможно за „старата дама“ да има двајца од најплатените фудбалери во светот во своите редови, и иако многумина би сакале да видат како изгледа тандем од можеби најдобрите играчи на сите времиња.

Сопствениците на Парис Сен Жермен исто така сонуваа за тоа, но сигурно ќе бидат задоволни од тоа да донесат само еден од двајцата, па дури и тоа не е лесно.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag