Да се потсетиме како изгледаше фолк sвездата од 1988 година наваму
Светлана Цеца Ражнатовиќ е една од најпопуларните поп-sвезди од поранешна Југославија. Како млада, таа покажала голем талент за пеење, што го забележал хармоникашот Мирко Кодиќ.
Вниманието го сврте кон себе во 1988 година кога ја отпеа песната “Cvetak zanovetak”. Оттогаш, кариерата на Цеца се одвива по нагорна траекторија.
Таа се здоби со голема популарност во 90-тите години, кога објави хитови како “Šta je to u tvojim venama”, “Neodoljiv, neumoljiv”, “Beograd”, “Znam”, “Ljubav fatalna” и многу други.
И во 21 век, Цеца објави песни кои и денес се популарни. Имаше големи концерти на стадионот „Црвена звезда“ и на белградско усје.
Пејачката денес има 47 години, а како што е познато, нејзиниот син Вељко стана татко на дете кое се вика Жељко.
Цеца, велат многумина, сега е најпозната баба во Србија.
Погледнете ја галеријата со фотографии и видете како Цеца го менуваше имиџот сите овие години.