Порно ѕвездата обвинета за над 20 сексуални напади врз тинејџерки и жени

popara1 септември, 20201min0
ron

Порно ѕвездата Рон Џереми беше обвинет во понеделникот за 20 дополнителни случаи на силување и сексуални напади, меѓу останатите и врз 15-годишно девојче, соопштија од канцеларијата на јавното обвинителство во Лос Анџелес.

Џереми (67), едно од најголемите имиња во индустријата за филмови за возрасни, беше обвинет во јуни за силување на три жени и сексуално злоставување на четврта во случаите од 2014 година.

Според новите обвиненија, бројот на неговите наводни жртви се искачи на 17, на возраст од 15 до 54 години и опфаќа период од 16 години, според државното правобранителство.

Џереми во понеделникот во судницата во Лос Анџелес се изјасни за невин. Тој исто така ги отфрли претходните обвинувања, а потоа напиша на Твитер: “Едвај чекам да ја докажам мојата невиност на суд! Ви благодарам на сите за поддршката”.

Се претпоставува дека сексуалното злоставување на 15-годишното девојче се случило на забава северно од Лос Анџелес во 2004 година. Наводно, многу други инциденти се случиле во еден бар во Западен Холивуд, се вели во соопштението.

Доколку биде осуден, Џереми се соочува со можна затворска казна од повеќе од 250 години, пренесува Ројтерс.

Џереми се појави во над 2000 филмови за возрасни од 1970-тите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag