Австралиецот Нејтан го спаси животот на кучката Шеги кога ја најде на улица во Сиднеј, декември 2019 година, а сега тој нуди сè што има за да му го вратат дрските крадци кои ја украдоа.
Нејтан вели дека на 30 август некој му го украл кученцето додека бил неколку минути во тоалетот, пишува Дејли меил.
Кога сфатил дека Шеги го нема, трчал од човек на човек за помош и се свртел и кон полицијата. Но, сите го игнорираа.
„Сè што можев да сторам е да седам на мојот кревет и да плачам“, рече Нејтан.
Тој сега нуди околу 1.400 долари, сите пари што ги има, за да може непознатиот крадец да му го врати кученцето.
Тој вели дека и ветил на Шеги дека ќе се грижи за неа кога ја најде во корпа за отпадоци каде што некој ја фрлил. Тој ја однел кај ветеринар кој му рекол дека кутрето било злоставувано. Тој реши да ја спаси по секоја цена. Затоа ги остави своите потреби настрана за да може да ја купи скапата храна што ја бараше кучката за да се опорави.
– Внимавам многу на она што го јаде. Јас ја спасив, но всушност таа ме спаси – рече човекот. Тој и кученцето станаа неразделни и Нејтан секогаш ја носеше со себе каде и да одеше. Пораката на Фејсбук во групата „Помош за пронаоѓање на пријатели на Гизмо“ стана вирусна и ги трогна луѓето.
„Се молам двајцата наскоро да бидат повторно заедно“, пишува читателот.
„Се надевам дека ќе му вратат веднаш, им требаат едни на други“, напиша другиот.
– Нивните души беа обединети од тешкотии. Се надевам дека повторно ќе бидат пронајдени – продолжува третиот.