Да не се меша со Алф, Натали Портман го крсти своето бебе Алеф, по првата буква од хебрејската азбука.
Натали во моментов е верена со таткото не нејзиното бебе, танчерот и кореографот Бенџамин Милпајд. Нивната веридба беше најавена уште на 27 декември, но тие сеуште не ја објавиле датата за венчавката. 29 – годишната актерка се запознала со својот свршеник додека работеле заедно на филмот “Black Swan”.
Мораме да признаеме дека актерката имаше прилично успешна година досега. Натали освои Оскар во февруари за нејзиниот портрет од Нина Сајерс во трилерот-балет.
Натали го донесе на свет нејзинот син минатиот месец и досега го немаше објавено неговото име. Таа е позната по нејзината таинственост.
Гласините за името Алеф е обелоденета, но се претпоставува дека тоа е грешка, момчето всушност треба да се вика Алекс.
Но, Натали повлекува корени од Ерусалим. Таа се преселила во САД со своето семејство кога имала само 3 години, но секогаш тврди дека Израел е најзинот дом. “Моето срце е во Ерусалим. Тоа е местото каде се чувствувам како дома”.
Се прашуваме како французинот Бенџамин Милепајд гледа на ова?