Интер сериозно размислува да му го продаде Даглас Маикон на Реал Мадрид, доколку пристигне понуда на нивна адреса од најмалку 20 милиони евра. Од “Џузепе Меаца” ја убедуваат јавноста дека Маикон ќе остане во Милано, а самиот фудбалер пред неколку дена најави дека ќе преговара со Реал Мадрид кога ќе заврши Копа Америка. Интер може добро да заработи, бидејќи Маикон веќе има 29 години, а неговиот договор истекува во 2013-та година. Минатата сезона беше многу блиску до “Сантиаго Бернабеу”, но тогаш 30 милиони евра беа премногу и за Мадриѓаните.