Експертите од Британија денеска покренаа дебата од која произлегува дека популарните љубовни романи се моќна закана за сексуалното и емотивното здравје на жените, бидејќи тие не се залагале за безбеден секс.
Сето тоа делува наивно и романтично, згоден дечко запознава убава девојка, се заљубуваат, нивната љубов е соочена со неколку проблеми, но на крајот сепак завршетокот е со бакнежи и наговестување за секс.
Овие приказни се сржта на романтичните романи, жанр кои постои од средината на 18 век и ден денеска се продаваат во милионски копии.
Ваквите романи најчесто се на удар на критики поради тоа што не се залагаат за безбеден секс и раѓањето деца го промовираат како најголем успех на некоја врска.
“Доколку читателите почнат да веруваат во овие приказни кои ги нуди романтичната фикција, тогаш можат да си содзадат многу проблеми“, изјавила советничката за парови и врски, авторка на студијата Сузан Квилијам. “Понекогаш најдоброто нешто што можеме да ги советуваме нашите клиенти е да им кажеме да читаат помалку книги и да се свртат кон реалноста“, додала Квилијам во текстот кој го напишала за весникот за планирање на семејство и репродуктивна заштита.
Според нејзините зборови, неодамнешната студија покажала дека само 11,5% од љубовните романи, спомнуваат употреба на презервативи, а во повеќето од нив хероината најчесто ја одбива таа идеја, поради тоа што несака да има било каква бариера меѓу неа и херојот љубовник, додала авторката.
“Сакаме жените да бидат свесни за своите желби и цели. Сакаме на нашите клиенти да им дадеме реални совети“, додала Сузан.