Подобро да премолчел…Женетиот фудбалер на Манчестер Јунајтед ги тужеше британските медиуми поради објавите дека имал љубовница, по што е откриено дека имал повеќе од девет…
Рио Фердинанд (32), оженетиот фидбалер од Манчестер и татко на три деца, го тужеше таблоидот “Sunday paper” кој објавил статија дека тој ја изневерил својата сопруга со неименувана дизајнерка.
Тој барал надомест од 50.000 фунти, а потоа на суд во Лондон се појавиле уредничкиот тим кој поднел писмена изјава за нови “најмалку десет жени“, кои имале афера со англискиот репрезентативец.
Британските медиуми изјавуваат дека до Врховниот суд во Лондон е доставен комплетен список на љубовниците на Рио Фердинанд меѓу кои се наоѓаат топлес моделот Holly McGuire, стриптизетата Coralie Robinson, учесничка на музичкиот натпревар “Поп идол“- Sarah Whatmore, бразилски модел Tatiane Rosalino…цел фудбалски тим.
Уредничкиот тим ја изработи “домашната задача”, со докази кои сведочат за неговиот карактер, а со тоа да се ослободат од тужбата на Фердинанд.
Седум од љубовниците тврдат дека спиеле со фудбалерот, додека се забавувал со Ребека Елсон, сега неговата сопуга и мајка на неговите три деца.