Рапамицин, еликсирот на младоста на Велигденските острови, бо можел да биде лекот за децата заболени од прогерија, неизлечива болест која доведува до забрзано стареење и смрт на децата од 12 до 13 години, заклучила група на научници.
До тоа откритие дошла групата на научници под раководство на хрватскиот научник Димири Краинц и Френсис Колинс, директорот на американскиот национален институт за здравје и шефот на проектот Човечкиот ген.
Истражувањето објавено во едно списание Science Translational Medicine, предизвикало големо внимание кај светските медиуми, но и надеж кај родителите на околу 250 деца во светот кои се заболени од таа ретка генетска болест.
Прогеријата погодува едно од осум милиони бебиња, а тие деца стареат шест до осум пати побрзо од останатите. Им паѓа косата, им станува тенка и проѕирна, зглеобовите им се артритични и изгледаат како старци, иако сеуште не ја доживеале ни тинејџерската возраст, па на крај умираат од мозочен удар или инфаркт, стои во списанието. “Прогерија е предизвикана со мутација на еден ген поради кој во клетките се собира протеин прогерин. Баравме начин на кој прогеринот би се извлекол од клетката, при што тестиравме разни лекови. Се покажа дека рапамицин е најефикасен” изјавил Димири Краинц, професор на Харвард и соработник на институтот МедИЛС во Сплит.
Рампацинот е спој кој произведува бактерии ид површината на Велигденските острови, а веќе долго се користи како цитостатик и лек кој спречува отфрлање на органите при трансплатација. Научниците пред две години покажале дека рампацинот на застарените мускули може да им го продолжи животот за 38 посто.
“Рампацинот им го продолжува животот на разни организми, а моментално се испитува на кој начин рампацинот делува на нормалните клетки, односно на кој начин дава подршка на здравата станица и на организмот воопшто”, изјавил Краинц и нагласил дека клиничките експерименти во лечењето на прогеријата можат да се интензивираат веќе наредните месеци.
“Како рампацинот вече се користи кај луѓето, може мноу брзо да се примени и кај заболените од прогерија. Верувам дека клиничките студии ќе започнат уште оваа година”, изјавил Краинц и нагласил дека фармацеутските компании често сметаат дека не се исплати да се бара лек за ретка болест.
Краинц има дипломирано на Медицинскиот факултет во Загреб, а потоа научно и клинички се доусоврчува во медицинската школа во Харвард каде е професор на неурологија.
Во Хрватска се враќа 2003 год. и таму кратко време води Клиника за неурологија КБЦ Ребро и бил шеф на Центарот за геномика на Медицинскиот факултет. 2005 год. Краинц соработува со МедИЛС во Сплит, каде е шеф на научно истражувачкиот проект “Механизми на неурогенерација”.