Советот на Град Скопје на денешната седница донесе Одлука за пристапување на Град Скопје како колективен член на фудбалскиот клуб Вардар, а советот донесе и Одлука за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Градот Скопје во областа на спортот за 2011 година, со што за финансиска поддршка на ФК Вардар се одвоени 15 милиони денари. Тоа значи дека „црвено-црни“ добиваат сериозна финансиска инјекција од Градот Скопје во обидот на македонскиот фудбалски бренд да му се врати шампионскиот сјај.
Исто така на денешницата седница, Град Скопје донесе одлука во наредниот период да го ослободи инвеститорот од плаќање на надоместокот за уредување на градежно земјиште за изградба на објект “Куќа на фудбалот“ во Општина Аеродром.
Извор: Нетпресс